Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПукотница во струшката населба Езерски Лозја однесе еден човечки живот

Пукотница во струшката населба Езерски Лозја однесе еден човечки живот

Едно лице загина, а двајца се повредени во пукотница која ноќеска се случила во населбата Езерски Лозја во Струга. Првичните информации велат дека освен загинатото лице чиј идентитет е се уште непознат, ранети се и две лица, од кои едното е хоспитализирано на хируршкото одделение во струшката болница, а другото лице е префрлено во специјалната болница за ортопедија „Свети Еразмо“.

Полицијата ги истражува мотивите за убиството за кои засега се претпоставува дека ескалира поради нерасчистени меѓусебни односи.