HomeДЕНЕШНАСветПукање во Мичиген, едно лице го загубило животот

Пукање во Мичиген, едно лице го загубило животот

Во трговски центар во градот Гранд Рапидс во американската сојузна држава Мичиген дошло до пукање, во кое едно лице било убиено, а осум биле повредени, соопшти локалната полиција. Во соопштението стои дека еден маж бил пукан и убиен во продавница, а дека уште осум лица биле повредени и дека нивната состојба се уште не е позната.

На фотографиите од местото на настанот се гледа скршено стакло на една продавница, додека репортерот за локалната телевизија изјави дека полицијата моментално врши истрага во трговскиот центар. За сега никој не е уапсен во врска со овој инцидент.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com