HomeДЕНЕШНАРепубликаПукање во центарот на Гостивар, неколку истрели ги вознемирија жителите

Пукање во центарот на Гостивар, неколку истрели ги вознемирија жителите

gostivar

Истрели од огнено оружје ги вознемирија жителите на Гостивар. За сега непознато лице неколку пати пукалo од пиштол во центарот на градот, во близина на малиот парк. Случајот го потврдија од полицијата, но деталите се уште не се познати, пишува Гостивар пресс.

Според првичните информации од портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски пукањето било пријавено во ПС Гостивар во 16.20 часот по што веднаш била испратена полициска екипа. При увидот биле пронајдени неколку чаури испукани од пиштол.

Сега за сега нема пријава за повредени од инцидентот. Се работи на утврдување на случајот, кој, зошто и кон кого пукал среде Гостивар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com