Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПукање на концерт во Њујорк, еден загинат и тројца се ранети

Пукање на концерт во Њујорк, еден загинат и тројца се ранети

Едно лице синоќа е убиено при пукање во салата „Ирвинг Плаза“ во Њујорк, каде раперот Ти Ај требаше да одржи концерт, додека уште три други се ранети, објави „Њујорк тајмс“.

Во салата „Ирвинг Плаза“ лоцирана во Менхетен, во моментот се одржувал хип-хоп концерт на кој присуствувале околу 1000 луѓе.

Полицијата информира дека 34-годишен маж бил прострелан во градите, а 33-годишен маж бил прострелан во стомакот. Едниот од нив подоцна починал во болница, но полицијата не прецизира кој.

Дваесет и шестгодишна жена била прострелана во ногата. Четвртиот ранет самиот побарал помош во болница.

Еден од очевидците изјавил дека раперот требало да излезе на сцената околу 21 или 21.30 часот, но тој воопшто не се појавил.

Засега нема уапсени во инцидентот, додаваат американските медиуми.