Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПукал во сопругата со ловечка пушка, па се самоубил

Пукал во сопругата со ловечка пушка, па се самоубил

Двојно убиство ја потресе јавноста во Албанија, откако 41-годишниот Дритан Петова со ловечка пушка ги застрелал сопругата Зара Петова (35) и нејзиниот татко Исмет Лека (76), известува албанската полиција

Откако ги убил, тој излегол од куќата на Лека и по кусо време се искачил на висок елетричен столб. По долги преговори од полицијата за да се симне од столбот, на Дритан му заѕвонил телефонот, по што тој извикал „не слегувам, ќе се самоубијам“ и пукал во себе. Полицијата верува дека на мобилниот му се јавил некој познат, кој му кажал дека и неховата сопруга и нејзиниот татко се мртви, поради што и си пресудил со пушката која ја имал со дозвола.

Причина за оваа трагедија се согледува во несогласувањето на Дритан со барањето за развод од страна на сопругата.