Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Пучистите“ ќе се бранат од слобода, одлучи СЈО

„Пучистите“ ќе се бранат од слобода, одлучи СЈО

Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева донело одлука за пуштање од притвор на двајцата осомничени во случајот „Пуч“ кои ќе може да се бранат од слобода, откако е одобрено барањето на нивните адвокати.

Според информациите на слобода треба да излезат поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и екс вработениот во ДБК Ѓорѓи Лазаревски кои сега ќе бидат во куќен притвор. СЈО исто така предвидува повеќе мерки на претпазливост како одземање на патните исправи и забрана за напуштање на живеалиштето. Одлуката треба да ја спроведе Основниот кривичен суд.