Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПуч во МВР или саботажа на новиот министер

Пуч во МВР или саботажа на новиот министер

Партиските активности на ВМРО-ДПМНЕ засилено се насочени против новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е кадар на СДСМ со протекувањето на информациите во каков автомобил ќе се вози, дека наводно е возило запленето од продажба на дилери на хероин, па дури и колку телохранители ќе го чуваат. Најновата паника која се шири е дека Спасовски направил „пуч“ во МВР со тоа што на раководниците лица им испратил телеграма со која им ги одзема сите надлежности, па стравот е дека државата ќе останела „парализирана“ без полиција и без можност да се активираат специјалните сили од директорот на Бирото за јавна безбедност.

mvr1

Спасовки, доколку телеграмата која протече во јавност е автентична, упатил сопштение до сите раководни лица во МВР дека сите ингеренции кои им биле пренесени од претходните министри ПРЕСТАНУВААТ да важат. Дописот е означен со Итно, па најверојатно утре рано треба да се координираат сите служби со самиот министер кој би дал упатства за нови задачи и активности иако со политичкиот договор е предвидено да се држи строго до областа на организирање на изборите и спречување на притисоци врз демократскиот процес.

spasovski telegrama

Исто така Спасовски ќе биде делумно контролиран од заменикот Чавков кој на неговите извршни одредби може да даде вето, а ако има судир во нивните одлуки ќе решава Државната изборна комисија, повторно поради надлежностите за изборните процеси. Во телеграмата не пишува дека раководители на секторите во МВР и службите се суспендирани или разрешени, туку само дека пренесените овластувања престануваат да важат. Екс министерката го осуди Спасовски на Фејсбук со статус „Фунциите на државата доведени во прашање“. Сите одлуки сега треба да одат преку министерот Спасовски.