HomeДЕНЕШНАСветПтичјиот грип повторно се појавува низ Европа

Птичјиот грип повторно се појавува низ Европа

pticji-grip

Германската Влада планира да им нареди на сите фармери да ја држат живината во затворени простории, поради опасноста од проширување на новата зараза на вирусот на птичјиот грип, кој повторно се појави во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, оваа информација денеска за медиумите ја потврди у германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит, според кого, тоа е една од можните мерки со која земјата ќе се бори против новата епидемија на птичји грип што ја зафати Германија,

Пред да биде донесена каква било одлука Германија ќе се консултира со членките на ЕУ, меѓу кои и со Холандија, Полска и Данска.

Новата епиденија на вирусот Х5Н8, познат како „птичји груп“, изминатиов викендов беше прогласена во Германија и Швајцарија, а вирусот повторно е забележан и во Австрија, Унгарија, Полска, Холандија, Данска и Хрватска. Денеска во Брисел на оваа тема разговараат и министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com