Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПСЖ не се предава – понуди 120 милиони евра за Роналдо

ПСЖ не се предава – понуди 120 милиони евра за Роналдо

Францускиот шампион Париз Сен Жермен не се откажува од одлуката во своите редови да ја донесат ѕвездата на Реал Мадрид. Имено, шпанскиот весник „Ас“ пренесува дека првиот човек на кралскиот клуб, Флорентино Перез, на состанокот во Доха одбил понуда вредна 120 милиони евра за Кристијано Роналдо.

Јасна е тензијата створена помеѓу фудбалерот и новиот тренер Рафа Бенитез, па тимот од Франција на овој начин сака да ја здобие довербата на Португалецот и воедно да го направи далеку најплатениот фудбалер на светот.

Челниците на ПСЖ, а особено претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи, најави дека нема лесно да се предаде.