Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПсихолошкиот тест отпаѓа како услов за јавните службеници и функционери

Психолошкиот тест отпаѓа како услов за јавните службеници и функционери

Со голем број предлог-закони за измена на постојните, власта се подготвува за исфрлање на психолошкиот тест и на тестот за интегритет како услови за вработување раководни лица и службеници во јавната администрација и во јавните установи, се гледа при прелистувањето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР).

Истовремено, во сертификатите за познавање англиски јазик, потребни за вработување во јавниот сектор или за поставување на раководна позиција, ќе се внесе и сертификатот АПТИС, кој, според кажаното во образложенијата достапни на ЕНЕР, е поевтин и полесно достапен од другите што ги предвидува Законот за административни службеници како услов за вработување.

Поради исфрлањето на психолошкиот тест и на тестот за култура, ќе се менуваат неколку десетици закони, а во Собранието тие би стасале по завршувањето на локалните избори.

Психолошкиот тест и тестот на интегритет беа воведени во 2013 година, а беа критикувани од опозицијата и од дел од јавноста како непотребни и бесмислени.