Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрвото средно училиште во Шуто Оризари перспектива за Ромите

Првото средно училиште во Шуто Оризари перспектива за Ромите

Најголемата ромска населба во Македонија долги години чекаше на изградба на средно училиште кое ќе отвори нова перспектива за младите Роми со можност за влез во системот на средно образование, како и еден чекор поблиску до добивање вештини и знаења.

suto orizari sredno

Денес свечено беше отворено средното училиште кое ќе има повеќе смерови од медицински науки, градежништво, економски и правни науки и лични услуги. На церемонијата присуствуваа сите локални ромски политички лидери, владини претставници, предводени од претседателот на владата Никола Груевски за одбележување на инвестицијата вредна 1.4 милиони евра.

Од ресорот за обрзование беше посочена и реконструкцијата на основните училишта „Браќа Хамид и Рамиз“ и „26 јули“ и на учениците им посакаа големи успеси.