Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПрвото рочиште за „Тарифа“ закажано за 19 декември

Првото рочиште за „Тарифа“ закажано за 19 декември

Почетокот на судскиот процес за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, Кривичниот суд во Скопје го закажа за 19 декември, соопштија од судот.

Предметот ќе го суди судијката Верка Петковска, која го судеше случајот за настаните од кумановско Диво Насеље, од 9 и 10 мај 2015 година.

„Предметот со КОК бр. 51/17 оформен по одобрување на обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, означен како „Тарифа“, согласно електронскиот систем е распределен кај судија Верка Петковска, а главната расправа е закажана за 19 декември 2017 година во 9.30 часот, за кога се испратени и покани до странките“, стои во соопштението на судот.

Во предметот „Тарифа“ обвинети се три лица кои се товарат дека преку злоупотреба на службената положба и овластување набавиле софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), кој не бил имплементиран.