HomeДЕНЕШНАПолитикаПрвите митинзи: Ветувања и обвинувања…

Првите митинзи: Ветувања и обвинувања…

miting

Официјално почнаа првите митинзи. Дочекани со аплаузи од своето членство, лидерите се обратија до своите поддржувачи. Сосема очекувано, ветувања и обвинувања. Во кратки црти: еве што порачаа лидерите на стартните митинзи…

Никола Груевски, традиционално од Охрид, во името на коалицијата ги повика гласачите повторно да го поддржат, не штедејќи ги причините зошто да не се гласа за опозицијата. Груевски се пофали и за реализираните проекти.
„Гласај за програма која ветува реални работи, развој и подобар живот. Овие избори се историски. Има моменти во кои човек се соочува со избор, кој навидум изгледа тежок. Изборот е меѓу две алтернативи. Споредете што зборуваме и што правиме. Со кого ќе ви биде подобро на вас лично, кој ќе сработи повеќе, кој повеќе ќе се справи со економските предизвици, кој има подобар кадар. Поставете си ги овие прашања и одговорот е едноставен“ – рече Груевски.
gruevski
Неговиот најголем ривал, пак, Зоран Заев во Прилеп ги праша граѓаните дали ќе поддржат уште четири години режим? Заев го повика својот политички опонент, експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, конечно да прифати дуел со него пред медиумите, за да му ги постави директно прашањата од проектот „Вистината за Македонија“ и за содржината на „бомбите“ од аферата за прислушувањето на илјадници граѓани. Тој вети зголемување на платите, ослободување на партизираните институции, отворање на нови работни места за задржување на младите луѓе во Македонија и враќање на буџетските средства кон граѓаните, како и враќање и заживување на правната држава, во која „сите што краделе, ќе одговараат и ќе ги вратат украдените пари“.​
zaev-prilep
Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА почна од главниот град. Тие порачаа дека режимот на Никола Груевски мора да падне и дека во Македонија повеќе нема страв кај граѓаните. Тие се осврнаа и на економијата и најавија мерки кои би го раздвижиле економскиот развој.

Новоформираната Левица, прв пат ќе се трка на избори и потенцира дека и без скапа кампања ќе се обиде да ги добие гласовите на граѓаните. Во нивниот фокус е економијата и социјалната правда.

Лидерот на ДУИ пак, Али Ахмети се осврна на иднината на Македонија во Европската Унија и НАТО алијансата. „Ние сме со сите кои сакаат напредок. Ние сме со НАТО, ние сме со Брисел и со обединета Европа“ – рече Ахмети.
ahmeti
Коалицијата „Алијанса за Албанците“ попладнево во тетовско ја промовираше изборната програма и кандидатите за пратеници за престојните парламентарни избори што се закажани за 11 декември.Села како носител на листата во Шестата изборна единица најави дека доколку победат, албанскиот јазик ќе стане службен. – Ќе мора да има правилна распределба на буџетот. Ќе се залагаме со Устав да го регулираме СЈО, рече Села. Инаку, тој настапи со скандирања „УЧК, УЧК“.

Партијата за демократски просперитет вечерва со собир во Тетово ги почна активностите. Мотото на нивната кампања е „Гордо и достоинствено“, а ќе учествуваат со кандидати за пратеници само во Шестата изборна единица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com