HomeДЕНЕШНАПолитикаПрвиот студентски референдум прогласен за успешен

Првиот студентски референдум прогласен за успешен

Студентскиот пленум го прогласи референдумот за успешен. Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се изјаснија какво студентско организирање сакаат. Вкупно 2767 студенти од 22 факултети излегле да го дадат својот глас. 2615 студенти се изјасниле за тоа дека не сакаат повеќе Студентскиот парламент да остане невладина организација, туку да биде во склоп на универзитетот, додека 137 студенти рекле дека го поддржуваат СПУКМ ваков каков што е.

„Студентската волја денес е артикулирана, па на Сенатот и Ректорот останува да ја испочитуваат. Според нас, тоа е нивната единствена опција. Овој референдум претставува гест на самоопределување и почеток на изградба на новиот идентитет на еманципираниот студент и граѓанин. Студент кој е ревносно револтиран и спремен да го менува постоечкото статус кво. Студентите денес се општествениот пиреј на демократските вредности“, велат од Студентски пленум.

Од пленумот претходно изјавија дека гласањето се одвивало во мирна, фер и демократска атмосфера. Гласањето не почна на Ветеринарен, Земјоделски и на Факултетот за физичка култура затоа што немало пријавени волонтери.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com