HomeИздвојувамеПрвиот Marriott Bridal Night во Скопје се покажа како успешен и потребен настан

Првиот Marriott Bridal Night во Скопје се покажа како успешен и потребен настан

Извонреден ентериер, впечатливи детали, ексклузивни венчаници, накит и други помошни елементи беа претставени на првиот Bridal Night што се одржа во Скопје Мериот, каде пред бројните присутни беа презентирани можностите што хотелот ги нуди при организирање свадби, вклучувајќи ја главната сала за одржување на свеченоста, просторијата за организирање прием како и платформата Meetings Imagined каде се достапни бројни идеи, концепти и решенија за свадбената свеченост.

„Првиот Bridal Night во Скопје Мериот се покажа како многу успешен и потребен настан, од аспект што младоженците, при планирање на свадбената свеченост, целосно се посветуваат на организирање на овој ден и сакаат не само да биде беспрекорен, туку и да биде исполнување на нивните соништа. Токму затоа им овозможивме на идните младоженци самите да се уверат во уникатноста на Скопје Мериот, на ентериерот и бројните опции што ги нуди хотелот за организирање свадба од соништата. Кога венчаниците, накитот, и другите свадбени детали ги сместивме во екслузивноста на ентериерот на Скопје Мериот, бајковната слика стана комплетна и со тоа се надеваме дека им помогнавме на младоженците да направат вистински избор. А најсреќната девојка која го фати бидермаерот освои и награда за едновечерен престој во претседателскиот апартман во нашиот хотел, изјави г-дин Пјотр Ленчевски, Директор на продажба и маркетинг во Скопје Мериот.

mcouture

На настанот ексклузивно беа претставени и специјално подготвените колекции на венчаници од модните дизајнери Мила Кадриу и Теута Матоши со колекцијата Romance – Winter Couture. Накитот од SIGMA, како дел од колекцијата со назив Сите бои на есента, на овој настан претстави прекрасни форми мотивирани од силуетите на есенското сонце и златните овошја. За инспирацијата за создавање на колекцијата на Мила Кадриу, Вечна љубов, потенцира всушност самиот наслов, додека креациите создадени со вечен дизајн изобилуваат со свежина, гламур и раскош.

Партнер за шминка на Marriott Bridal Night беше NYX во соработка со EVA едукативниот центар. Стилист за коса, LAKME во соработка со Beauty Bar, официјална вода Пелистерка, а за коктел забавата се погрижија Absolut водка и Винарија Стоби.

Bridal Night како единствен и уникатен настан, првпат се организира во Скопје Мериот и е резултат на соработката со Fashion Weekend Skopje, како дел од есенското издание на Bridal Fashion Night.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com