Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПрвиот Германец во редовите на Манчестер Јунајтед пристигнува!

Првиот Германец во редовите на Манчестер Јунајтед пристигнува!

Договорот помеѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на денешната прес – конференција и официјално е склучен – 30. годишниот Бастијан Швајнштајгер е нов играч во редовите на „црвените ѓаволи“.

Во соопштението на клубот стои дека трансферот ќе биде комплетиран откако фудбалерот ќе ги помине медицинските тестови и ќе бидат договорени личните услови.

„Бастијан сака да постигне нешто ново на крајот од неговата кариера. Наша задача е да ја испочитуваме неговата желба“, изјави претседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге.