HomeДЕНЕШНАСветПрвата сопруга на Трамп бара амбасадорско место во Прага

Првата сопруга на Трамп бара амбасадорско место во Прага

ivana-i-donald-tramp

Чехинката Ивана Трамп, првата сопруга на новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе бара амбасадорско место во Чешка, а портпаролот на чешкиот претседател го оценил тоа како одлична идеја.

„Ќе предложам да станам амбасадорка во Чешка. Потекнувам од таму, чешкиот е мој мајчин јазик, сите ме знаат. Позната сум во светот, не само во Америка. Напишав три книги, ги преведоа во 40 земји на 25 јазици. Позната сум како Ивана, навистина не ми е потребно презимето Трамп“ – рекла поранешната сопруга на Доналд Трамп за таблоидот „Њујорк пост“.

Портпаролот на претседателот на Чешка, Милош Земан, кој во кампањата го поддржа Трамп, молскавично реагирал и изјавил дека тоа би бил „одличен избор“.

Чешкиот претседател и сегашниот амбасадор на САД во Прага, Ричард Шапиро не се во добри односи. Причината за тоа е што Шапиро минатата година рекол дека Милош Земан веројатно ќе биде единствениот шеф на држава членка на Европската унија на големата воена парада во Москва по повод годишнината на крајот на Втората светска војна која лидерите на ЕУ ја бојкотираа. Чешкиот претседател одбива да се сретне со амбасадорот.

Земан тогаш му се налутил на амбасадорот и рекол дека во иднина вратата на претседателскиот замок Храдчани е затворена, но под притисокот на чешката јавност и на владата попуштил и во Москва отишол да им оддаде почест на советските војници кои загинаа ослободувајќи ја Чешкословачка од фашистите и како соломонско решение ја избегна самата воена парада на Црвениот плоштад така што билатерално во тоа време се сретна со словачкиот премиер Роберт Фиц.

– По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД односите со Чешка нема да бидат оптоварени со некои несогласувања како што е не баш професионалниот пристап на амбасадорот Шапиро, кој на претседателот на Чешка му дава совети коишто никој не ги барал – каде да патува или да не патува – рекол Земан по изборот на Трамп за претседател на САД.
donald-ivana-tramp
Ивана Зелничкова
Воопшто не зачудува што чешката скијачка и манекенка Ивана Зелничкова е позната и обожавана во своето родно место. Таа стана сопруга на Доналд Трамп во 1977 година. Од бракот имаат три деца: Доналд Џуниор (1977), Иванка (1981) и Ерик (1983).

Кон крајот на 1990 година беше откриено дека Доналд има вонбрачна врска со актерката Марла Мејпс, а Иванка покрена спектакуларна бракоразводна парница кој беше завршена со судска спогодба во 1992 година. Дoналд на Ивана ѝ исплати 25 милиони долари, а таа при исплатата ја изговори познатата реченица, на коja многу жени со задолство ѝ се придржуваат: „Немојте да се лутите, земете му сè.“

Инаку, во текот на бракоразводните рочишта, Иванка дури и тврдеше дека Трамп ја силувал. Сега се во пријателски односи, па сега Иванка ќе повара од „стариот пријател“ и татко на нејзините три деца да и подари амбасадорска фотелја во родната земја, каде без сомнение е обожавана. Би било интересно да видиме како ќе се одвиваат чешко американските односи ако Ивана стане американски амбасадор во Прага.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com