Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦПрвата надградба со Windows 10 направи хаос

Првата надградба со Windows 10 направи хаос

Голем број на корисници кои ја инсталирале првата кумулативна надградба на Windows 10 пријавуваат голем број на проблеми бидејќи системот не успева да ја инсталира новата верзија и прави постојани падови. Се уште не се знае каде лежи проблемот, но дел корисниците велат дека е поврзано со некои стари драјвери кои можеби ја блокираат надградбата.

 

 

За да се реши проблемот треба да избришете одредени регистри, но доколку имате ограничено познавање на системот тоа може да биде опасно. Затоа додека од Microsoft не излезат со решение не ја прифаќајте надградбата и одложете ја нејзината инсталација.

Ова може да биде огромен проблем бидејќи Windows 10 наметна нова политика на задолжителни и навидум лесни надградби кои ќе бидат од голема корист, но ако се полни со вакви багови тоа ќе биде опасно за корисниците.