HomeСТУДЕНТУМПрвата IT академија за деца во Македонија со одличен старт

Првата IT академија за деца во Македонија со одличен старт

Во рамките на Seavus едукативниот и развоен центар од средината на септември официјално започна со работа првата ИТ академија за деца, која го носи името IThink Academy. Вчера беше промовирана и специјалната IThink просторија во која следните ИТ генијалци ќе ги изучуваат забавните, но многу корисни модули кои ја сочинуваат програмата.

Како што беше најавувано во изминатиот период, оваа академија е замислена како воведна ИТ програма за деца од 8 до 14 години која преку специјално изготвена програма ќе им ги претстави најинтересните и најперспективните области во технологијата. Претставници на академијата велат дека веќе две групи од идните ИТ професионалци успешно го завршиле првиот модул, „Започни со IThink“ и сега се посветени на вториот модул “Мистериите на Интернетот“.
ithink-3
Родителите кои се одлучија да ги запишат своите деца на оваа уникатна академија не го кријат задоволството од програмата. “Со оглед на тоа што моето дете 90% од своето слободно време го поминува покрај електронски уреди, се роди идејата тоа време да го потроши покрај уредите, но овој пат корисно – да научи како тие уреди функционираат и како тие можат да му го поедностават животот. Првите впечатоци се дека моето дете иако со мали потешкотии, со задоволство ги посетува часовите. Се надевам дека децата толку многу ќе ја засакаат Академијата што ќе мора да продолжите со надградба на нивното образование и следните години”, вели Лидија Бундалеска родител на едно од дечињата запишани на IThink.

Заинтересираноста за видео игри, програмирање и 3D анимации е причината поради која Верослава Андоновски се одлучила нејзиното дете да биде дел од академијата. Програмата на IThink, како што вели таа, изгледала најблиску до барања на нејзиното дете кое само со еден завршен модул е презадоволно и со одушевување раскажува за научените работи.
ithink-2
Поради големиот интерес, од Seavus едукативниот и развоен центар го најавуваат отворањето на нова трета група за модулите „Забавно кодирање“ и „Сакам роботи“, чија настава ќе започне на 5 ноември, а ќе трае до 15 јуни следната година. И оваа група како претходните ќе биде составена од максимум 12 деца. Повеќе информации и детална програма за оваа академија, заинтересираните може да најдат на официјалната facebook страна на IThink.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com