HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПрвата „бомба“ на Милан доаѓа од Атлетико Мадрид?!

Првата „бомба“ на Милан доаѓа од Атлетико Мадрид?!

Кинезите првата голема бомба би можеле да ја доведат од Мадрид. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Диего Годин е најголема желба на кинеските инвеститори. Искусниот Уругваец би требало да му биде поддршка во одбраната на Алесио Ромањоли, кој според мислењето на многумина е моментално најдобриот дефанзивец на Милан.

Годин во февруари ќе наполни 31 година, Атлетико тешко би се откажал од него, на зимо трансферот би бил невозможен, но медиумите во Италија пишуваат дека трансферот би можел да биде реализиран следното лето за 30 милиони евра. Покрај тоа, на мета на Милан е и стоперот на Реал Мадрид, Пепе, кој веќе на зима би можел да потпише преддоговор со новиот клуб, бидејќи во јуни му истекува договорот со Реал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com