Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПрва успешна трансплатација на две раце во светот

Прва успешна трансплатација на две раце во светот

Во анлигскиот град Донкастер беше изведена првата успешна трансплатација на две раце на еден пациент. Нови раце доби 57-годишниот Крис Кинг во болницата „Leeds General Infirmary“, а без нив останал во несреќа која му се случила на работа пред три години. Тимот на доктори го предводел професорот Сајмон Кеј.

Професорот Кеј истакнал дека оваа операција била многу потешка и многу посложена и од операцијата на внатрешните органи. „Еден ден Кинг и јас ќе се ракуваме“, изјавил Кеј.

race 1

„Неможеше да ми се случи нешто подобро од ова, повторно се чувствувам комплетен“, изјави Кинг и додаде дека не може да ја сокрие својата радост, бидејќи повторно ќе може да ги користи своите две раце. Сепак, иако неговите нови раце кои ги добил од донаторот совршено му одговараат, тој вели дека ги чувствувал како поголеми.

Slozena-operacija