Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПрва средба за реализација на политичкиот договор

Прва средба за реализација на политичкиот договор

Се одржа првата работна средба со претставници на четирите политички партии кои потпишаа договор за надминување на политичката криза со присуство на ОБСЕ. Се разговараше за изборниот законик и избирачкиот список со цел да се донесат подобри решенија за закажаните избори во април следната година.

Попладнево во Скопје заседаваше работната група, а главна тема беше Изборниот закон и Избирачкиот список. Очекуваме законот да се смени и да се бара не само политичка, туку и кривична одговорност од оние што го кршат, изјави Радмила Шекеринска потпретседателката на СДСМ.

han-gruevski-zaev

Големи промени во позициите на партиите од власта и опозицијата се уште нема и поголем напредок во разговорите се очекува на новата средба закажана се претстојниот понеделник кога ќе треба да се направат конкретни промени во законите и нивната имплементација за спроведување на фер избори, како и овозможување на атмосфера на еднакви можности за политички натпревар.