Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПрва претседателска дебата – Трамп ќе направи шоу

Прва претседателска дебата – Трамп ќе направи шоу

Републиканската партија ги одбра десетте кандидати кои ќе ја имаат првата претседателска дебата за освојување на номинацијата. Најдобра позиција има Доналд Трамп кој води на анкетите и без оглед на неумесните коментари против емигрантите и неговите политички противници се уште води.

fox-rebublican-presidential-debate-lineup-2015

Дебатата е организирана од ТВ мрежата Fox која инаку е и блиска до ставовите на Републиканските партија, па затоа ќе биде интересно да се види кој од политичарите ќе покаже најмногу способност како кандидат за претседател на САД. Во дебата ќе учествуваат и Џеб Буш, чии татко и брат веќе беа претседатели на Америка, а ќе се судри и со Скот Волкер, гувернерот на Висконсин.

donald-trump2

Од трката најверојатно ќе испаднат повеќе кандидати, а многу поинаку ќе се гледа и на Доналд Трамп кој беше изненадување и исмеван од мејнстрим медиумите за неговото шоу, чудната коса и начинот на кој комуницира со останатите. Трамп како милијардер има доволно пари да ја финансира својата кампања и без подршка од Републиканците, па доколку не ја добие номинацијата ќе се кандидира самостојно.