Sunday, Sep 20, 2020
HomeДЕНЕШНАСветПрва подморница на човечки погон!

Прва подморница на човечки погон!

podmornica

Двајца Француски инжинери во петокот попладне тргнале преку Ламанш со подморница на педали, која сами ја проектирале и изградиле, објави нивниот тим. Нивното патување до 250 километри оддалеченото француско место Сен Мало ќе трае седум дена, до петок, 12 август.

Антоан Делафарг и Мишел де Лагар, љубители на спортот и природата, ќе се менуваат во управувањето на оваа подморница со помош на педали која плови со брзина од три километри на час, а како што велат таа може да заплови и до 100 километри под нивото на водата.

Нивниот подвиг е наречен „Риба Пилот“ и може да се следи на сајтот „MarineTraffic“ кој во реално време ја идентификува позициите и ги следи движењата на бродовите, а со самото тоа и двата брода кои ја следат оваа подморница.

Покрај спортско достигнување, цел на овие двајца инжинери е и да го истражат каналот Ламанш и целото тоа да го фотографираат.

Podmornica-1