Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПрв викенд во 2016-та, ова се температурите за денешниот ден

Прв викенд во 2016-та, ова се температурите за денешниот ден

Денешниот ден ќе биде малку потопол наутро за разлика од петок, но сепак станува збор за очекувани минимални вредности на темпераатурата околу -12°С на повисоките места и околу -8°С низ котлините. Денот ќе помине со нешто повеќе облачност во однос на петок, но без врнежи. Дневната максимална температура на повисоките места останува и понатаму под 0°С, односно околу -2°С. Низ котлините во западниот и северниот регион се очекува максимална од 2°С до 4°С, а на југоисток околу 6°С.

Во главниот град се очекува студено време со умерена облачност. Минималната температура ќе има вредност околу -8°С, а максималната околу 4°С.