Friday, Apr 19, 2024
HomeСТУДЕНТУМПрв уписен рок – Голем интерес за академска титула

Прв уписен рок – Голем интерес за академска титула

Започна првиот уписен рок за студенти во прва година и интересот за добивање факултетска диплома и оваа година ќе биде многу висок. Според податоците има 24.952 слободни места. Во тек е уписот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола, како и во штипскиот „Гоце Делчев“, а денес и утре ќе се поднесуваат документи во Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. На тетовскиот државен универзитет заинтересираните ќе може да аплицираат од 18 до 21 август.