Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПрв саем за автоделови во Македонија

Прв саем за автоделови во Македонија

За прв пат во Македонија, денес во Хотел Александар Палас ќе се одржи саем за автоделови на кој ќе се претстават 22 изложувачи – реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa.

Организатори и носители на настанот се трите реномирани дистрибутери на авто делови, Мега Ауто Партс, Крис и Том и СР Мега Ауто, членки на GAU International, компании кои повеќе од две децении се доверлив партнер на македонските компании и поединци, обезбедувајќи квалитетни и професионалнина авто услуги, потпирајќи се на долгодишното искуство, и имплементацијата на новите технологии во автомобилската сервисна индустрија. Овие компании се и увозници и дистрибутери на високо – квалитетни автоделови за патнички и моторни возила од повеќе светски брендови.

Мотивот за организирање на еден ваков настан е претставување на најновите автоделови од автомобилската индустрија, пред се квалитетни авто производи кои обезбедуваат поголема безбедност, сигурност и подобри перфоманси на автомобилите и останатите моторни возила, а кои се увезуваат во Македонија.

Саемот е наменет за редовните и потенцијалните клиенти, како што се продавниците за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и сите оние компании и поединци кои поседуваат возен парк и потреба од  квалитетен сервис на автоделови.