HomeДЕНЕШНАСветПрв попис на населението во Иран преку интернет

Прв попис на населението во Иран преку интернет

Иран го започна првиот попис на населението во кој ќе се користи интернет, објави државната телевизија.

Во првата етапа од пребројувањето на луѓето може да се посети специјална интернет страница, на која се пополнуваат формулари.

Иран, каде попис на населението се врши на секои пет години, првпат оваа година го користи интернетот за собирање на такви податоци. Првиот попис на населението во земјата е спроведен во 1956 година.

Иранскиот статистички центар очекува една третина од околу 23 милиони домаќинства да ја изберат интернет услугата.

Следниот месец овластени попишувачи ќе ги посетат останатите семејства кои не се пријавиле преку веб страницата и ќе им ги пополнат формуларите на луѓето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com