Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПрв поглед на Suicide Squad – Кога лошите се борат со злобните

Прв поглед на Suicide Squad – Кога лошите се борат со злобните

По неодамнешниот Comic Con се појави аматерско видео од претстојниот блокбастер Suicide Squad на DC comics. Режисерот Дејвид Ајер, иако огорчен од пропустот се огласи на твитер -“Не е фер за фановите кои чекаа во ред да го погледнат трејлерот. Сега мојата намера е да ги исправам работите.” Набргу потоа на официјалниот канал на DC comics се појави видеото во висока резолуција и го представи филмот во најдобро светло. Посебно ветувачки е фактот дека  актерите го испорачаа очекуваното од нив, а може да видиме одлична акција и невообичаени ликови кои секогаш биле на лошата страна.

Дејствието за најмоќните криминалци и негативци кои ќе бидат ослободени од затворот во Готам Сити со задача да се борат против поголемо зло. Во главните улоги ќе гледаме познати имиња Маргот Роби(Харли Квин), Бен Афлек (Бетмен), Џаред Лето (Џокерот), Вил Смит (Деадшот) и други. Филмот е во постпродукција и премиерата ќе се одржи на 5 август следната година.