Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПрв пат во историјата: Апартмани на Ајфеловата кула!

Прв пат во историјата: Апартмани на Ајфеловата кула!

Четирите среќни добитници на наградна игра ќе бидат првите луѓе во историјата кој ќе имаат прилика да ги посетат овие апартмани на Ајфеловата кула за време на одржувањето на Европското првенство во Париз. Компанијата за изнајмување „HomeAway“ го изнајми првиот спрат од познатата париска знаменитост и ќе го претвори во апартмани за издавање за време на одржувањето на Европското првенство.

Наградната игра се отвара утре, а среќните добитници ќе имаат прилика да престојуваат во 300 метри високата кула и да уживаат во панорамскиот поглед на реката Сена, базиликата Свето срце и Триумфалната порта. Директорот на компанијата „HomeAway“ Брајан Шарплс изјави дека изнајмувањето на Ајфеловата кула е одличен потег за неговата компанија и им гарантираше на победниците на најдобар одмор во нивниот живот. Европското фудбалско првенство ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули во Париз.