HomeГИГА БАЈТСмартфонПрв доказ за Microsoft Lumia 940 XL со Quad HD резолуција

Прв доказ за Microsoft Lumia 940 XL со Quad HD резолуција

Во изминатиот период Microsoft кој ја има најслабо развиената мобилна платформа успеаа да привлече огромен интерес благодарение на Windows 10 Mobile системот, па затоа и пласманот на премиум смартфонот Microsoft Lumia 940 XL е проследено со жешки шпекулации. Една од нив конечно се докажува, а тоа е дека смартфонот ќе има Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели.

Lumia-540-1

Новиот модел на Microsoft за кој се претпоставува дека е Lumia 940 XL се појави на тест сајтовите на интернет и може да се открие дека ќе има и ретина скенер за очи, USB Type C приклучок и моќен осум-јадрен процесор. Презентацијата на Microsoft Lumia 940 XL ќе се одржи во исто време како и лансирањето на софтверот Windows 10 Mobile.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com