Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиПрв до врв организира спортски ден во Охрид

Прв до врв организира спортски ден во Охрид

На први август сите на сите во Охрид на забава, одбојка, планинарење. Летен Прв до врв на нова локација, за сите оние што сакаат да спортуваат и рекреираат во најпосакуваната македонска летна дестинација.

2
Програма:
– Трка во трчање BEACH RUN во должина од 5 км долж брегот на езерото. Официјалното пријавување за трката ќе биде објавено во понеделник и пријавувањето ќе трае до 27 јули. Секој пријавен учесник ќе добие стартен број, маичка и вода за време на трката. Котизацијата за учество изнесува 200 денари и треба да се плати најдоцна до 27 јули (online плаќање и уплатница). Подигнувањето на стартните пакети ќе биде на денот на трката. Стартот на трката е од плажата Бафало кај терените за одбојка на песок, се трча до плажата Парк, па до пристаништето во центарот на Охрид, па назад до целта на Buffalo Beach.

– Велосипедска тура TOUR DE LAKE околу целото езеро во должина од 90 км, со минување на границата во Албанија. Турата е под водство и во коорганизација на Macedonian Bike Riders.

– Планинарење и возење велосипеди на зајдисонце до селото Велестово

– Играње одбојка на песок кај Beachvolleyball Macedonia

– Забава на зајдисонце за крај на летниот спортски ден во Охрид