Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПрв ден со новиот закон за сообраќај, казнети десетина возачи и пешаци

Прв ден со новиот закон за сообраќај, казнети десетина возачи и пешаци

Во текот на вчерашниот ден се случиле 11 сообраќајни несреќи на кои интервенирале екипи на МВР и официјално се заведени. Вчера трагично животот го загуби 72 годишниот пензионер на улицата Ѓорче Петров, откако бил удрен преминувајќи на пешачки премин рано утрината. Во останатите сообраќајни несреќи дошло до помали телесни повреди на петмина возачи, двајца пешаци и велосипедист, а во другите инциденти има настанато само материјална штета.

soobrakajka ohrid

Изречени се десетина казни за брзо возење, потоа возење под дејство на алкохол, без возачка дозвола и без регистрација. Казнети се и десетина пешаци кои преминувале улица на необележан премин. Од одделите за превенција на МВР во просториите на СВР Гази Баба ќе се одржи и едукативна настава за последиците во сообраќајот на која се поканети казнети пешаци.