HomeАНТИСТРЕСПрв хиџаб во „Плејбој“

Прв хиџаб во „Плејбој“

22-Годишната новинарка Нур Тагури го успеа да направи спој од хиџаб и магазинот „Плејбој“! Американката позираше за најпознатиот машки магазин на светот облечена во фармерки, кожна јакна и патики „Конверс“. Новинарката која ја нарекуваат „медиумско чудо од дете“ се сликаше за октомвриското издание на магазинот кое носи наслов „Злосторници“. Тагури работи како известувач за мрежата „Newsy“.

„Искрено мислам дека тоа што сум мислиманка која носи хиџаб ми помогна да ја добијам довербата кај соговорниците“, изјави таа за „Плејбој“.

2

Според нејзините зборови, преку интернет добивала многу негативни коментари и остри критики, но тврди дека тоа не влијае многу на неа. „Тоа е негативна енергија која не е здрава. Се трудам да создадам сопствен круг на луѓе кој ќе ме одржи на земја. Кога сум дома или на работа слушам критики постојано од луѓе кои тоа го прават добронамерно и работам на тоа да ги исправам своите грешки“, вели Тагури.

3

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com