Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПровокаторите повредиле шест полицајци на вчерашните протести

Провокаторите повредиле шест полицајци на вчерашните протести

Според извештаите на МВР во вчерашните протести при обезбедување на важни локации повредени се 6 полицајќи кои поминале со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување, додека пак еден демонстрант е приведен.

13015056_10207303435238970_900302827_n (1)

Најжестоко се протестираше пред новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ каде беа распоредени водени топови и силни полициски единици, но тоа не ја поколеба групата на провокатори да прават инциденти, да ја маваат полицијата со камења, тврди предмети и факли. Тоа доведе до интервенција на единиците кои ги потиснаа демонстрантите.