Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПроверете колку неработни денови не очекуваат во јануари

Проверете колку неработни денови не очекуваат во јануари

Јануари е месецот кога правосланите христијани слават неколку празници. За сите граѓани на Македонија, 1-ви и 7-ми јануари се слободни денови, додека на 6-ти и 19-ти ќе одмараат само граѓаните со православна вероисповед.

За сите граѓани на РМ
01 јануари (петок), Нова Година
07 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

За граѓаните од православна вероисповед
06 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик
19 јануари (вторник), Богојавление (Водици)

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
27 јануари (среда), Свети Сава