HomeДЕНЕШНАРегионПровалена елитната проституција во Загреб, уапсени познати политичари и бизнисмени

Провалена елитната проституција во Загреб, уапсени познати политичари и бизнисмени

Познати тренер по боречки вештини, 62-годишниот Слободан Дубајиќ Дуби, попознат како еден од најголемите макроа на Балканот, повторно е зад решетки, јавуваат хрватските медиуми. Во голема акција за разбивање на синџир на елитна проституција во Загреб тој бил уапсен заедно со тројца помошници. Се товарат за дури 21 кривично дело, а полицијата при претресот на нивните станови нашла мобилни телефони, сим-картички и компјутери на кои имало разговори кои упатуваат на тоа дека на угледните клиенти им договарале средби со проститутките.

Тие се сомничат дека девојки од Србија и БиХ за цена од 100 евра по час ги подведувале на политичари и угледни бизнисмени, и хрватски и странски, па дури и на Кинези. Се сѐ одвивало, како што дознала полицијата, во загребскиот кварт Средишче. Хрватската полиција на својата интернет страница објави дека се уапсени мажи на возраст од 42 до 62 години и жени од 30 до 40 години.

„Во истрагата се најдени голем број мобилни телефонски уреди и кориснички телефонски картички од разни оператори, кои биле користени при извршувањето на кривичните дела и преносни компјутери и разна кореспонденција. По спроведеното криминалистичко истражување тие му се предадени на судот, а во јавното обвинителство во Загреб е поднесена кривична пријава“, се вели во соопштението на полцијата.

Дубаиќ претходно бил приведен во големата акција „Динамико“ поради сомнеж дека подведувал девојки од Хрватска, БиХ и Србија во хотел во Загреб. Тој бил осомничен дека за две години на меѓународна проституција заработил околу 250.000 евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com