Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПроценката на ЕУ и САД за одржување на изборите ќе се објави утре

Проценката на ЕУ и САД за одржување на изборите ќе се објави утре

Објавувањето на проценката на ЕУ и САД за тоа дали се создадени услови за одржување на предвремени парламентарни избори за 24 април се одложува за утре наместо за денес како што веќе претходно беше најавено. Одложувањето е на барање на лидерите на политичките партии, изјавија од Амбасадата на САД и делегацијата на ЕУ за МИА.

Амбасадорот Орав вчера беше во Брисел на консултации со кабинетот на Еврокомесарот Јоханес Хан кој лично посредуваше во постигнувањето на договорот од Пржино. До сега ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека не сака да остапи од 24 април, а СДСМ инсистира да се одржат изборите само кога ќе се исполнат условите за да бидат фер и слободни.ДУИ пак, го промени ставот и вчера соопшти дека е потребно консензус за нов датум за избори.