HomeДЕНЕШНАСветПротестите во Етиопија земаа над 100 човечки животи

Протестите во Етиопија земаа над 100 човечки животи

Повеќе од сто луѓе ги загубиле животите за време на протестите во Етиопија, изјави вчера претседателот на опозициската партија Федералистички конгрес на Оромо (Oromo Federalist Congress), Мерера Гудина.

Претходно опозицијата соопшти за 50 загинати во стампедото за време на протестите на верскиот фестивал во областа Оромија јужно од етиопската престолнина Адис Абеба. Полицијата употребила солзавец и истрелала предупредувачки истрели во воздух за да ги растера демонстрантите.

„Телата ги собирале владините сили. Меѓутоа, од луѓето на местото на настанот слушнав дека бројот на загинатите надминува 100 луѓе“, изјавил Гудина за AFP. На фестивалот се собрале илјадници луѓе. Но кога толпата започнала да скандира „Сакаме слобода“, „Сакаме правда“, полицијата преземала мерки за растерување на демонстрантите, по што дошло до стампедо. Од своја страна владата на Етиопија соопшти за „неколку загинати и повредени“, без да наведе други поединости за инцидентот.

Од ланскиот ноември се одржуваат протести во покраините Орома и Ахмара, кои етиопските власти крваво ги задушуваат со десетици мртви, на кои им се придружија и студентите незадоволни од планот на владата за урбанистичкото ширење на главниот град Адис Абеба и загрижени поради можното одземање на земјата во областите во кои отсекогаш живеел народот Оромо, а се протега од истокот до југозападот на земјата

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com