HomeДЕНЕШНАРегионПротести во Тирана поради усвојување на закон за увоз на отпад

Протести во Тирана поради усвојување на закон за увоз на отпад

Албанското собрание синоќа го усвои законот за менаџирање со отпад со кој се овозможува и увоз на отпад. Законот беше усвоен и покрај силното спротивставување на невладиниот сектор, но и повеќе политички партии. Со само 63 гласови „за“ владејачката Социјалистичка партија го усвои законот за кој опозицијата тврди дека е лошо решение за земјата.

На гласањето не присуствуваа ниту пратениците на партијата Движење за Социјалистичка интеграција која е дел од владината коалиција по претходното недоразбирање по оваа прашање помеѓу премиерот Рама и претседателот на Собранието Илир Мета.

Во текот на дебатата надвор од Собранието продолжија целодневните протести на невладините организации. Организаторите на протестите и опозицијата сметаат дека Албанија може да биде место каде што ќе пристигнува и сомнителен радиоактивен отпад. Власта информираше дека ќе има листа на отпад кој ќе може да се увезува и нема да се дозволи увоз на проблематичен отпад.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com