Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПротест за Тамара – дојде болно девојче кое исто така чека лекување во странство

Протест за Тамара – дојде болно девојче кое исто така чека лекување во странство

Семејството на Тамара и група граѓани протестираа пред Јавното обвинителство. Со скандирање правда за Тамара, убијци, бараме обвинение… го искажаа револтот и побараа оставка од Тодоров. Присутните ги згрози уште еден случај ист како на Тамара. Таткото на 11 годишната Ханета која има сколиоза и изрази сочувство на мајката, ама и се пожали дека институциите кон неговото девојче се однесуваат исто – објави Телма.

Во два наврати, фондот одбил да даде 20 илјади евра за операција во Турција. Ова уште повеќе ги разгневи присутните. Побараа обвинителството конечно да поднесе обвинение против сите кои беа вклучени во случајот Тамара, а нејзината мајка упати апел да му се помогне на малото девојче, чии родители дојдоа да го искажат револтот и да побараат спас за својата ќерка.

Инаку Тамара Димовска почина чекајки здравствените институции да одобрат лекување во странство на државна сметка.