Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПротест во сабота – „Коце врати ни ги улиците“

Протест во сабота – „Коце врати ни ги улиците“

Граѓанската иницијатива „Коце, врати ни ги улиците“, во сабота ќе одржи мирен протест на кој ќе се оддаде почит на прерано загинатиот велосипедист, 13-годишниот Давид, како и на сите трагично загинати жртви на скопските улици-пешаци и велосипедисти.

„Собирот ќе започне во 13 часот на булевар Илинден, пред главната фонтана. На местото, каде младиот Давид трагично го загуби животот од несовесен возач. Потоа ќе продолжи низ стариот дел од Градски парк и ќе заврши пред канцеларијата на градоначалникот Коце Трајановски, во близина на паркот, како директно најодговорен за црниот биланс и бројните несреќи по скопските улици“ – се вели во повикот објавен на Фејсбук.