Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПротест против Уставниот суд за помилување на изборни криминалци

Протест против Уставниот суд за помилување на изборни криминалци

Граѓанската иницијатива АЈДЕ денес ќе одржи протест пред Уставниот суд против донесената одлука за преоценување на законот со кој на Претседателот на државата му се даваат ингеренции да помилува осудени лица за изборни измами и кривични дела.
ustaven-sud-5Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок. Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот, стои во повикот на АЈДЕ.

Протестот ќе се одржи од 17:30 часот.