Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПротест против Спасовски, во Бутел неизвесно

Протест против Спасовски, во Бутел неизвесно

Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ и денес протестираа пред зградата на МВР против техничкиот министер Оливер Спасовски кој наводно не ги спречил активистите на ДУИ да ги срушат темелите на крстот кој треба да се гради.

Од ДУИ, нагласија дека ќе ја продолжат битката во институциите и дека еден од нивните предлози е во Бутел кај кружниот тек да се гради Парк на толеранцијата, а се против избрзани одлуки и еднострано поставување на симболи кои може да доведат до тензии.

Власта, пак и преку градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, повторно потврди дека не е донесена одлука за сопирање на изградбата на крстот, со што и понатаму трае неизвесноста.