Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПротест на вработените во МПМ поради огласот за нивните работни места

Протест на вработените во МПМ поради огласот за нивните работни места

Вработените во весниците на МПМ, „Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ денеска спонтано се собраа на протест пред редакциите за да искажат револт од најновите случувања во компанијата.

Утринава добиле мејл со кој им се наложува да се пријават и да испратат биографија за вработување во новата фирма ќерка на МПМ, „Медиа принт ДООЕЛ“. Новинарите нема да конкурираат на огласот и бараат менаџментот да им објасни дали компанијата оди во стечај и каква ќе биде нивната судбина.

Компанијата „Медиа принт Дооел“, која е фирма ќерка на МПМ што беше отворена неодамна објави оглас за вработување на 55 новинари.

Вработени во МПМ за Фокус велат дека утрово откако бил објавен огласот, настанала паника меѓу вработените, чие вработување е неизвесно.

Случувањата во МПМ траат подолг период и новинарите немаат информации кои се плановите за трите весници „Утрински“, „Вест“ и „Дневник“.

Неодамна вработените во медиумите излегоа и на штрајк, поради неисплатени плати кои им ги должеше вработувачот МПМ.