HomeДЕНЕШНАПолитикаПротест на студентите од Штуловиот Универзитет – Не сакаат „Мајка Тереза“ да биде сместен во нивниот објект

Протест на студентите од Штуловиот Универзитет – Не сакаат „Мајка Тереза“ да биде сместен во нивниот објект

Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа излегоа на протест откако почна уписот на студенти на новиот универзитет „Мајка Тереза“ во нивниот објект. Тие велат дека со спојувањето на универзитетите се врши дискриминација по финансиска основа. Според студентите, мора да се заштитат автономијата и високите стандарди кои ги нуди Штуловиот универзитет.

„Немаме ништо против новиот универзитет „Мајка Тереза“, напротив му посакуваме успех и напредок. Да стане независен и да создаде ист и или подобар квалитет од оној што го нуди нашиот универзитет“, изјави Емир Куртиши претставник на студентскиот парламент, УЈИЕ. Во тој контекст тој кажа и една народна поговорка: „На врвот има место за сите што ќе тргнат од дното“.
stulov-protest-1
Претходно, дел од експертската јавност реагираше дека нема потреба од нови универзитети, посочувајќи дека има недостиг и на студенти и на наставен кадар. Новиот универзитет „Мајка Тереза“ нема ниту свој објект кој е основен услов за функционирање на еден универзитет.
stulov-protest-2
Деновиве околу 200 студенти потпишаа петиција против делење на факултетските простории за потребите на „Мајка Тереза“. Но министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу им порача дека е подобро да се прифатат едни со други, како знак за поддршка на новоформираната образовна институција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com