HomeДЕНЕШНАПолитикаПротест на отпуштените новинари на Вест пред канцеларијата на Ќерим

Протест на отпуштените новинари на Вест пред канцеларијата на Ќерим

vest-protes

Отпуштените новинари од дневниот весник „Вест“ ја окупираа канцеларијата на еден од сопствениците на весникот Срѓан Керим за да си ги побараат ветените отпремнини, пренесува Сакам да кажам. Тие летово беа отпушени како технолошки вишок, а сега се сомневаат дали ќе им биде исплатена ветената отпремнина, откако вчера на состанок на Синдикатот со менаџментот им било посочено дека сите новинари од МПМ ќе се префрлат на платен список на „Телеграф“ кој е со нејасна сопственичка структура.

Состојбата во изданијата на МПМ е тензична откако слична судбина ги очекува и десетина новинари од весникот „Утрински“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com