Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПротест – Бошкоски да биде пуштен, си ја одлежа казната

Протест – Бошкоски да биде пуштен, си ја одлежа казната

Денеска повторно приврзаниците на партијата „Обединети за Македонија“ како и пријатели и поддржувачи од „Достоинство“ на Стојанче Ангелов протестираа пред затворот во Идризово барајќи Љубе Бошкоски да биде пуштен на слобода бидејќи ја одлежал 5 годишната затворска казна за нерегуларно финансирање на изборна кампања.

ljube boskoski protest

Гледате и самите има јавен собир што значи ако му биде ускратено правото а тоа да не биде засновано на објективни пречки, а такви објективни пречки ние до сега не сме виделе и не знаеме, бидејќи и судот и воспитачкиот кадар има изразено мислење дека не постои такво нешто, тоа значи дека таа фама или глас сега треба да стигне до јавното обвинителството, до органите на прогонот и да утврдат дали евентуално постои повреда на службените овластувања и положба и злоупотреба на истата, изјави адвокатот Кратовалиев за медиумите.

Бошкоски може да биде пуштен на 90 дена пред истекот на казната бидејќи покажал добро поведени во затворот и тоа е константирано, па останува одлуката да ја донесе директорот Живко Пејкоски кој има дискреционо право иако праксата е веќе воспоставена. Подржувачите на Бошкоски сметаат дека и понатаму продолжува политичкиот прогон против него и дека некој не сака тој да се најде на слобода пред одржување на изборите.