HomeДЕНЕШНАПолитикаПротест: 290 луѓе ќе умрат поради кратењето на средства за ХИВ

Протест: 290 луѓе ќе умрат поради кратењето на средства за ХИВ

Поголем број на невладини организации протестираа пред Министерството за здравство поради намалувањето на средствата од буџетот наменети за превенција од сексуално преносливи болести, меѓу кои и ХИВ со што проценуваат дека 290 лица ќе умрат до 2030-та година, е ќе дојде и до епидемија на ХИВ со 860 нови случаи.

hera-protest2

„Наместо да ги зголеми средствата за заштита на населението од ХИВ на неопходните најмалку 65 милиони денари, министерот Тодоров ги скрати на само 27 милиони денари. Тој не ги исполни обврските што ги имаше преземено дека Министерството за здравство од следната година ќе го преземе финансирањето на програмите за превенција на ХИВ. Со тоа нанесува огромна штета на нашите национални напори да го ставиме вирусот под контрола. Со овој буџет луѓето што живеат со ХИВ се ставени во ризик да им прекине терапијата кон крајот на следната година, а целосно ги скратија и средствата за превенција. Над 15.000 граѓани, и нивни семејства, оставаат без пристап до бесплатни средства за заштита од ХИВ и за рано откривање на инфекцијата“, велат од ХЕРА.
Демонстрантите учествуваа во „Протестен перформанс на Платформата за ХИВ“ и како мртви легнаа пред зградата на министерството, а на Тодоров и неговите соработници им порачаа дека се убијци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com