HomeДЕНЕШНАСветПротекоа снимки – војници на САД и борци на ИД го договарале нападот

Протекоа снимки – војници на САД и борци на ИД го договарале нападот

Официјален Дамакс поседува докази за разговор меѓу американски воени претставници со борци на ултрарадикалната сунитска терористичка организација Исламска држава (IS) пред почетокот на офанзивата на џихадистите кај Деир-ез-Зор откако авијацијата на коалицијата предводена од САД изврши четири воздушни удари врз позициите на сириската владина војска, изјави вчера претседателката на Народниот совет на Сирија, Халија Абас.

Борбени авиони на коалицијата предводена од САД на 17-ти септември навлегоа во сирискиот воздушен простор од Ирак и извршија четири напади врз сириските владини сили кои во тој момент биле во опсада на борците на екстремната сунитска група Исламска држава, во близина на градот Деир-ез-Зор. Притоа загинаа, според последните податоци, 83 сириски војници, а стотина беа ранети и уништени биле уште 20 парчиња воена техника.

Пентагон изрази жалење за нападот, тврдејќи дека коалицијата била уверена дека напаѓа позиции на Исламската држава, кои ги следеле неколку дена. Меѓутоа, официјален Дамаск посочуваше дека веднаш по бомбардирањето во коешто учествувале австралиски и канадски борбени авиони, џихадистите започнале со жестока офанзива врз позициите на сириската војска. Сириски функционери и претходно тврдеа дека има поврзаност меѓу нападот од страна на коалицијата и офанзивата на џихадистите кај Деир-ез-Зор.

„Сириската армија ги прислушувала преговарањата меѓу Американците и Даеш (арапски акроним за Исламската држава – з.р.) пред нападот на Деир-ез-зор…. Американските сили ги насочиле Даеш да ги нападнат позициите на сириската армија по извршувањето на тие удари“, изјави Хадија Абас во иранската престолнина Техеран.

Абас, којашто ја цитира либанската телевизија Al Mayadeen, тврди дека властите во Дамаск поседуваат докази дека коалициските воздушни удари се намерно нанесени врз позициите на сириската армија. Поединостите ќе бидат објавени подоцна, истакнала сириската пратеничка.

Само два дена по нападот кај Деир-ез-Зор, на состанокот на Независната меѓународна комисија за истражување на ситуацијата во Сирија, формирана во рамките на Советот на ОН за човековите права со седиште во Женева, постојаниот сириски претставник Хусам ал-Дин Алја изјави дека коалицијата предводена од САД го извршила нападот со намера.

Според него, тоа докажува дека коалицијата која дејствува во Сирија без договор со владата во Дамаск, ја сочинуваат земји кои „ја создале, вооружиле и ја донеле Исламската држава во Сирија и во странство“ и дека „не само што ги покрива злосторствата на терористите, туку и директно ги координира со нив своите дејствија“. Притоа истакнал дека на сличен начин и Израел ги поддржува нападите на Џебхат ан-Нусра, сириското крило Ал Каеда врз сириската армија и цивилното население во покраините Дара’а и Кунејтра, потсетува службената сириска новинска агенција, SANA.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com